Saturday, September 3, 2011

Македонија на Евробаскет 2011

Во продолжение следи кратка анализа, и предвидување за тоа како би требало да се одвиваат настаните за нашата кошаркарска репрезентација на ЕП во Литванија.

Во нашата група има шест репрезентации а табелата во моментов изгледа вака:

                                                                      одиграни мечеви/победи-порази/кош разлика / бодови

1. Грција32/1215/2005
2. Македонија32/1215/2045
3. Хрватска32/1247/2385
4. Финска31/2232/2294
5. Црна Гора31/2237/2464
6. Босна и Херцеговина31/2225/2544


Ако резултатите во следниве два натрепвари се такви како што се очекува да бидат, понатаму од нашава група треба да одат: 1. Македонија 2. Грција 3. Хрватска. (претпоставувам дека ние ќе издвојуваме победа над Финска или БиХ, и со тоа ќе обезбедиме пласман понатаму), а за потребите на анализава ќе претпоставам дека Грција ќе ја победи Хрватска, додека и Хрватска и Грција ќе ги победат БиХ односно Црна Гора.


Вкрстуваме со група од која најверојатно во втората рунда ќе одат 1. Русија 2. Словенија 3. Украина/Грузија/Бугарија. Во моментов Русија и Словенија имаат 3/0 скор, и повторно, за потребите на анализава, ќе претпоставам дека Словенија ќе издвојува победа над Русија.


Во новата група ќе има шест репрезентации, а според почетните бодови (оние што се пренесуваат од првите групи) табелата ќе изгледа вака.



1. Македонија                            4 бода
2. Словенија                              4 бода

3. Русија                                     2 бода
4. Грција                                     2 бода
5. Хрватска                                 0 бодови
6. Украина/Грузија/Бугарија      0 бодови


Ако се' се одвива по “мојов план“, ни остануваат мечеви со Словенија, Русија и Украина/Бугарија/Грузија. Шансите да ја победиме Украина/Грузија/Бугарија ни се изгледни, па така, со два порази (од Словенија и Русија)*, и една победа, би имале 8 бода, со што и теоретски обезбедуваме четврт-финале, бидејќи од вториве групи понатаму одат по 4 репрезентации. :)


Многу јако нели? :)


* Во ниедна варијанта не би требало да ги предадеме мечевите против Словенија и Русија, но ете, да земам една од помалку поволните варијанти како опција.

No comments:

Post a Comment

How to uninstall Google hangouts on Android device

Google talk was one of the coolest Google services, since it was extremely simple and easy to use for many years now. A few months ago,...