Sunday, September 4, 2011

Македонија на Евробаскет 2011 - дел втори

  Во продолжение следи втората кратка анализа, и предвидување за тоа како би требало да се одвиваат настаните за нашата кошаркарска репрезентација на ЕП во Литванија.

Во нашата група има шест репрезентации од кои, скоро извесно е дека понатаму одат:

Македонија, Грција и Хрватска

 Вкрстуваме со група од која најверојатно во втората рунда ќе одат Русија, Словенија и Грузија

Во моментов Русија и Словенија имаат 3/0 скор, а Грузија со денешната лесно издвојувана победа над Украина се издвои како кандидат за одење понтаму од триото Бугарија, Грузија и Украина.

Во новата група ќе има шест репрезентации, а според почетните бодови (оние што се пренесуваат од првите групи) табелата ќе изгледа вака:

1. Македонија 4 бодови
2. Словенија 4 бодови
3. Русија 3 бодови
4. Грција 3 бодови
5. Хрватска 2 бодови
6. Грузија 2 бодови

 Во втората фаза од натпреварувањето ќе играме против: Словенија, Русија и Грузија. Шансите да ја победиме Грузија ни се изгледни, па така, само со една победа, би имале 8 бода, со што шансите да НЕ обезбедуваме четврт-финале ќе бидат минимални, бидејќи од вториве групи понатаму одат по 4 репрезентации. Тоа ќе значи и најголем репрезентатицен успех на македонската кошарка.

 Доколку пак издвојуваме уште само една победа во вториот дел од натпреварувањето (освен таа против Грузија), тоа ќе значи дека, и да го изгубиме 1/4 финалниот натпревар, ќе играме за 5то место, со што обезбедуваме место на олимпискиот квалификациски турнир кој Бане вика дека најверојатно ќе се игра во Белград. За олимпискиот турнир, ќе пишувам понтаму, камо среќа да има потреба!

Многу јако нели? :)

No comments:

Post a Comment

happy bday